Со текот на годините, како резултат на напорната работа, собраното искуство и планскиот развој на компанијата, Караорман АД прерасна во инвестициска групација која има доминантно влијание во повеќе бизнис сектори во република Северна Македонија и регионот. Нашата најголема цел е да имаме диверзифицирано инвестициско портфолио. Нашата понуда на услуги го опфаќа доменот на: развој и продажба на недвижен имот, раководство и менаџмент на модни и стоковни куќи, услуги во туристичката индустрија, изнајмување на магацински и канцелариски простор, складирање на царинска и оцаринета стока.
Со Караорман АД раководи тим од искусни менаџери и 100 професионални квалификувани вработени за што сведочат долгогодишните успешни резултати, континуираниот развој и повеќегодишната соработка со нашите клучни светски партнери.