СЕКТОРИ / УСЛУГИ

ЦАРИНСКО ЗАСТАПУВАЊЕ

КАРАОРМАН АД Ви нуди застапување во царинските постапки. Царинско застапување на правни и физички лица во сите царински постапки:
 
– Увозно царинење
– Извозно царинење
– Подготвување на транзитни документи
– Ставање на стока во постапка на царинско складирање
 
На Ваше располагање ќе имате тим од искусни лиценцирани царински декларанти од кои секогаш ќе можете да побарате стручно мислење и кои ќе се погрижат за квалитетно и навремено завршување на царинските формалности.

СКЛАДИРАЊЕ

КАРАОРМАН АД Ви нуди складирање на царинска и домашна стока по нај поволни услови!
 
КАРАОРМАН АД располага со отворен и затворен складиштен простор. Одобренијата од надлежни институции за: складирање на храна во атмосферски услови, санитарни производи, лекови и некои типови на АДР стока го прават Караорман АД ваш вистински избор.
 
Царинско складирање
Вкупен простор на јавните царински складишта кои КАРАОРМАН АД нуди:
Затворен складишен простор: 10.000m2
– Отворен складишен простор: 15.000m2
 
Складираната стока може да се стави во постапка на:
– Привремено чување на стоката до 20 дена;
– Царинско складирање.
 
Јавниот царински склад на Караорман АД има одобренија за овластен примач и за овластен испраќач, што значи поедноставено завршување на транзитна и отпочнување на транзитна постапка 365 дена во годината од 08 до 20ч.
 
Контактирајте не за подетални информации околу условите и можностите за складирање.

071/234-303

jcs@karaorman
.com.mk

jcs@karaorman.com.mk

Јулија Спасевска

KARO WASH

Karo Wash самопослужната автоматска перална е oснована со акцент на квалитетно, ефтино и брзо перење на сите типови возила.
 
Работиме со најсовремени машини и опрема, која овозможува бесконтактно перење од највисоко ниво, со 5 програми за користење кои придонесуваат за исклучителни резултати.